Регион

Васко Пиличев и Ана Тимови добија награди за истакнати музички педагози

Професорите во основното музичко училиште „Боро Џони“ од Струмица, Васко Пиличев и Ана Тимова, добија награди од Здружението на Музички и балетски педагози. Станува збор за награди за истакнати музички педагози, што веќе традиционално ги доделува ова здружение.

Наградени за две години

Васко Пиличев доби награда за повеќегодишна успешна работа, што подразбира и минимум петнаесет години искуство во областа. Професорката Ана Тимова, пак, доби награда за едногодишна успешна работа. Освен во овие две категории се доделува и награда за животно дело. Ваква награда доби истакнатиот македонски композитор од Радовиш, Стојан Стојков.

Тимова, Стојков и Пиличев

Поради пандемијата, годинава во Музејот на македонската борба се доделија наградите за две години. Струмичките наградени професори, Тимова и Пиличев, инаку вработени во основното музичко училиште „Боро Џони“, се всушност добитници за претходната година.

Доделувањето на наградите беше придружено и со свечен концерт.

Овие награди се доделуваат од 2004 година. Васко Пиличев ја има добиено и наградата за едногодишна успешна работа за учебната 2012-2013 година.

Препорачуваме:

Ќе се гради булеварски мост кај поранешен Агрокор

Сузана Мицева

Заврши првата фаза од уредувањето на индустриската зона во Јосифово.

Стојне Митева

Незгода на регионалниот пат Струмица – село Костурино, сообраќајот е во целосен прекин

Сузана Мицева