Македонија

Осум илјади вакцини Фајзер од Србија

Македонскиот премиер, Зоран Заев најави осум илјади вакцини Фајзер од Србија. Подоцна можеби ќе добиеме и ковид-вакцини од другите производители. Премиерот Зоран Заев соопшти дека ја прифатил понудената помош од Србија преку претседателот Александар Вучиќ. Со ова ќе се помогне да дојде до поголема и побрза имунизација.

„Како што знаете, во последната недела бараме поддршка и од други земји да ни дадат помош. Со тоа што побргу ќе почнеме, додека не стигнат првите 5.850 дози во февруари. Сакам да ја споделам оваа среќна вест со граѓаните, понудената помош од Србија ја прифативме. Утрово разговаравме со претседателот Вучиќ и тие прифатија да ни помогнат. Деталите ќе ги утврдиме во текот на денот. Знам дека она што може да го потврдат е 8.000 вакцини од Фајзер. Другите имаат договори што треба да ги проверат, клаузули дали може тоа да го направат“, изјави Заев.

Српскиот претседател Вучиќ понудил вакцините да се доделат како донација, но Заев инсистирал тие да бидат платени по што се договориле Македонија да ги добие вакцините по нивната набавна цена.

Во минатите недели Бугарија и Грција сами се пријавија да ни отстапат дел од ковид-вакцините со кои тие ќе располагаат, но сè уште нема ни трага ни глас од нивната помош за Македонија.

Најавата за осум илјади вакцини Фајзер од Србија доаѓа откако во оваа земја против корона вирус се вакцинира забрзано, а пристигнаа и вакцините од Кина. Вакцинацијата против ковид-19 во соседна Србија е во напредна фаза. Таа почна во декември и досега се вакцинирани голем број граѓани.

Препорачуваме:

Законодавно-правната комисија,ја одби граѓанската иницијатива за продолжување на породилното

Dimitar Micev

ЕБОР за фотоволтаичната централа Осломеј

Од вечерва на полноќ цените на горивата поевтинуваат

Ване Трајков