• Fri. May 17th, 2024

Од утре почнува вакцинацијата против коронавирус во Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека вакцинирањето со вакцината на „Фајзер“ против коронавирусот ќе почне утре.

„Овие вакцини ги набавивме билатерално, независно. Ние сме веројатно единствената земја надвор од ЕУ во овој дел на Европа што успеа да ги набави. Ќе има повеќе во февруари и март. Примероци од други вакцини беа испратени на истражување“, рече Вучиќ.

Тој потенцира дека е многу важно да почне вакцинацијата со цел да се заштитат што е можно повеќе луѓе.

„Утре ќе почне во домовите за стари лица бидејќи е важно да се заштитат овие луѓе. Кога ќе ги погледнете сите бројки и проценти, има помлади луѓе што долго чекале, особено мажи, но убедливо најголем број се оние над 80 години што настрадаа. Тие се најзагрозени и затоа треба да почнеме со нив“, рече Вучиќ.

Тој рече дека ќе се вакцинира и некој од врвот на државата како сигнал дека вакцината е неопходна и добра.

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *