• Mon. May 13th, 2024

Утре пристигнуваат вакцини од Србија

Утре пристигнуваат вакцини од Србија. Првата пратка вакцини од Србија за Македонија ќе пристигне утре на граничниот премин Табановце, соопшти Владата.

„Утре, 11 февруари, во 14 часот на граничниот премин Табановце премиерот Зоран Заев ќе ја пречека делегацијата предводена од претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ. Со неа ќе пристигне и првата пратка на вакцини“, соопшти Владата.

Според претходни најави, Македонија ќе добие 8.000 дози од вакцината на „Фајзер/Бионтек“. Премиерот Зоран Заев кажа дека станува збор за сериозен чин на пријателство. Најави дека вакцините ќе бидат платени по набавна цена.

„Како што знаете, во последната недела бараме поддршка и од други земји да ни дадат помош. Со тоа што побргу ќе почнеме, додека не стигнат првите 5.850 дози во февруари. Сакам да ја споделам оваа среќна вест со граѓаните, понудената помош од Србија ја прифативме. Утрово разговаравме со претседателот Вучиќ и тие прифатија да ни помогнат. Деталите ќе ги утврдиме во текот на денот. Знам дека она што може да го потврдат е 8.000 вакцини од Фајзер. Другите имаат договори што треба да ги проверат, клаузули дали може тоа да го направат“, изјави Заев.

Утре пристигнуваат вакцини од Србија. Претходно претседателот Вучиќ понудил вакцините да се доделат како донација, но Заев инсистирал тие да бидат платени по што се договориле Македонија да ги добие вакцините по нивната набавна цена.

Во минатите недели Бугарија и Грција сами се пријавија да ни отстапат дел од ковид-вакцините со кои тие ќе располагаат, но сè уште нема ни трага ни глас од нивната помош за Македонија.

Најавата за осум илјади вакцини Фајзер од Србија доаѓа откако во оваа земја против корона вирус се вакцинира забрзано, а пристигнаа и вакцините од Кина. Вакцинацијата против ковид-19 во соседна Србија е во напредна фаза. Таа почна во декември и досега се вакцинирани голем број граѓани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *