Македонија

Уставен суд пресече-недела останува неработен ден

Недела нема да им се одземе на најголемиот дел работници во државата. Ова е одлуката на мнозинството судии од Уставниот суд. 

Портпаролката на Уставен, Кристина Беловска, денеска на пресконференција соопшти дека Уставниот суд на денешната седница одлучил да не поведе постапка за преиспитување на законското решение со кое недела беше прогласено за неработен ден за најголем дел од работниците.

Всушност, уставните судии одлучиле да не се прифати иницијативата на Стопанската комора на Македонија, која беше подносител на иницијативата да се преиспита ова законско решение, за кое сметаат дека е неуставно.

Беловска соопшти дека оваа одлука на Уставниот суд е конечна и дека во правниот поредок на земјава останува да важи дека недела е неработен ден за најголем дел од работниците во земјава, освен за дејностите кои се утврдени како исклучоци.

Беловска рече дека не може да се открие кој судија како гласал, со оглед што тие имаат право на тајнпост во гласањето

Со сегашното законско решение, околу 95 отсто од работнициве во земјава не треба да работат во недела, а оние што работат, имаат право на повисоки дневници.

Препорачуваме:

Предлог законот за основно образование пред собраниската Комисија

Руската православна црква ја призна МПЦ – ОА, како автокефална сестринска црква

Сузана Мицева

Патријархот на СПЦ Порфириј му го врачи документот за афтокефалност на архиепископот на МПЦ ОА Стефан