• Sun. May 19th, 2024

Нема да се зголеми персоналниот данок и данокот на добивка-одлучи Владата

Се укинува воведувањето на проресивното оданочување, кое требаше да започне од 1 јануари 2023. Ваквата одлука е донесена по состаноците со деловната заедница.

Ковачевски рече дека нема да има зголемување на персоналниот данок, данокот на добивка и ДДВ, но дека ќе се зголеми даночната ефикасност. Ковачевски потврди дека штедните влогови и депозити нема да се оданочуваат и понатаму.

„Оданочувањето ќе се воведува во повеќе етапи во интерес на прилагодување на повеќе страни. Со овој нов концепт не се предвидуваат нови даноци и нивно зголемување“, објави Ковачевски.

Тој додаде дека ќе има поголема праведност во оданочувањето, мислејќи на повластените сектори. Ќе се зголеми и оданочувањето во таканаречените „сиви зони“. Ќе има зголемени фискални зафати во дејностите кои негативно влијаат на животната средина со „зеленото оданочување“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *