• Sat. May 18th, 2024

Приватнитте превозници го блокираа булеварот Илинден во Скопје

Координативното тело на приватните превозници утрово го блокира булеварот „Илинден“ од семафорите кај Владата до семафорите кај МИ-ДА во двата правци, но само десните ленти од коловозот.

Дали протестите и блокадите ќе продолжат за време на викендот, приватните превозници не кажуваат, но нагласуваат дека секако ќе продолжат од понеделник ако нема решение на проблемот и дека тие ќе се радикализираат.

„Пред Градското собрание утре ќе бидат паркирани околу 200 автобуси, за да види градоначалничката Данела Арсовска дека не е таква бројката како што таа кажува. Некој сака да ја дефокусира јавноста и да кажува дека нема проблеми, дека го покриваат градскиот проблем, но сите гледате што се случува“,рече вчера Ленин Јовановски од „Слобода  превоз“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *