Регион

Упис на првачиња во учебната 2022/2023 година

 Врз основа на член 60 од Законот за основно образование („Сл. весник на РСМ“ бр. 161/2019 и 229/2020), основното образование е задолжително за сите деца од шест до петнаесет години. Образованието трае девет години и се организра во три периоди.

Уписот е задолжителен за децата кои до крајот на декември 2022 година ќе наполнат 6 (шест) години. Односно задолжителен за сите деца родени во текот на 2016 година. Оние кои сакаат и за деца родени во текот на јануари, 2017 година. Уписот ќе се врши од 1 до 31 мај, 2022 година. Во основните училишта во општината, со целосно почитување на реонизацијата на училиштата и живеалиштита на децата.         

Родителите се должни при уписот да достават извод од матичната книга на родените за детето, потврди за примените задолжителни вакцини за детето, за извршен офталмолошки и извршен стоматолошки преглед, издадени од надлежна здравствена установа.  Родителите задолжително закажуваат термин за прием на документите и интервју со детето во основните училишта на следниве телефонски броеви: – ООУ „Крсте Мисирков“ – Гевгелија       078/447-373;- ООУ „Владо Кантарџиев“ – Гевгелија   070/624-311;- ООУ „Климент Охридски“ – Миравци    071/367-717;- ООУ „Ристо Шуклев“ – Негорци             075/260-839.          

Доколку родителот има интерес, пријавата и документите потребни за упис на детето во прво одделение може да ги поднесе во електронска форма на uslugi.gov.mk, по што ќе биде закажано интервју со детето.       

Препорачуваме:

Новоизградениот фекален колектор во Моин ќе биде вклучен во канализациониот систем на Општина Гевгелија

Сузана Мицева

Заврши изградбата на атмосферскиот канал во Габрово

Ване Трајков

Сообраќајка во Бучим радовишко повредени две лица

Ване Трајков