• Sun. May 19th, 2024

Од први јули поскапа електрична енергија за домаќинствата што многу трошат

Од први јули ќе почнат да се применуваат најавите за воведување на повисока тарифа за оние домаќинства што се големи потрошувачи на електрична енергија. Според премиерот Ковачевски, оваа е една од мерките за справување со последиците од енергетската криза.

Засега не се знае до колку киловати потрошена електрична енергија ќе важи постоечката цена, а од колку ќе се пресметува по друга поскапа тарифа.

Претходно, ова го најави и министерот Бектеши. Ниту Бектеши не прецизираше која ќе биде методологијата за утврдување во која категорија спаѓаат граѓаните и според тоа колкава цена на електричната енергија ќе плаќаат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *