• Mon. May 20th, 2024

Државна лотарија го додели петтиот стан на семејство Фезуљи од Тетово

By

Apr 28, 2022

Државна лотарија со радост ве запознава со Зулкадер Фезуљи, добитник на последната премија ‒ стан, од инстант лозот Доме сладок доме.

Зулкадер Фезуљи од тетовското село Пршовце е петтиот добитник на стан во Скопје од инстант лозот Доме, сладок доме. Станот, со големина од 83 m2 и гаража од 21 m2, е во вредност од 6 417 919 денари (со сите вклучени давачки, данок на имот, трошоци за пренос и др.), а се наоѓа во една од најубавите скопски населби – Аеродром.          

Со радост споделуваме и за убавата средба со среќните добитници. Имено, по завршување на процедурата околу целосната документација за предавање на станот, се упативме кон среќната зграда на улица „Методија Шаторов-Шарло“. Разгледувајќи го станот, покрај добитникот Зулкадер, најсреќна беше и неговата ќерка Анеса. Во разговорот со нив, ни ја пренесоа позитивната енергија и возбуда.

Зулкадер честопати ја предизвикува среќата со инстант лозови на Државна лотарија, и тоа секогаш од продажното место на Државна лотарија што се наоѓа во трговскиот центра Палма мол во Тетово, каде што Зулкадер е и вработен.

Со задоволство се навративме на среќниот ден, Зулкадер ни раскажа дека во друштво на колегите купил три инстант лоза Доме сладок доме, но решил да ги изгребе дома со сопругата и ќерката. Бројот 37 на еден од лозовите Доме сладок доме ги одведе до главната премија. Првата реакција била шок и неверување, по што веднаш се упатиле до продажното место на Државна лотарија каде што ја потврдиле добивката. Следувале бројни повици и честитки од неговите колеги во Палма мол.

Државна лотарија, на семејството Фезули му посакува среќен, хармоничен и исполнет дом, а ние ги очекуваме новите среќни приказни.

Стан за 100 денари, да и тоа е можно со инстант лотаријата на Државна лотарија.

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *