Свет

Украинската страна ги потврди загубите – Русија ја постигна една од најважните цели во инвазијата

Руските сили делумно создадоа копнен коридор кон Крим од територијата во украинскиот регион Доњецк, соопшти украинското Министерство за одбрана.

– Непријателот делумно успеа да создаде копнен коридор меѓу привремено окупираната Автономна Република Крим и дел од регионот Доњецк – се наведува во онлајн соопштението.

Ова доаѓа откако британското разузнавање во петокот соопшти дека украинските сили ги вратиле градовите 35 километри источно од Киев.

Да потсетиме, се претпоставува дека една од целите на руската инвазија е обединување на анектираниот полуостров Крим со двете самопрогласени отцепени републики Доњецк и Луганск.

Тие 30 километри одвојуваат две де факто руски територии веќе осум години, од 2014 година.

Препорачуваме:

САД прават анализи за испраќање сили во Либија

Милјарди евра за руска свадба, невестата во венчаница покриена со 25 кг. дијаманти

Ване Трајков

Русите потврдија: Ја нападнавме базата долж границата на НАТО

Сузана Мицева