Македонија

УХМР со предупредување: Се очекуваат поројни дождови попладнево, претпазливо движете се покрај помалите реки

Денеска во попладневните часови на повеќе места локално се очекуваат краткотрајни поројни врнежи од дожд кои е можно да предизвикаат брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолици низ земјава, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во предупредувањето од УХМР се наведува дека е можно дождовите да предизвикаат и локални проблеми во дел од населените места, посебно во северо-западниот дел на земјата, односно Кумановскиот регион, Скопскиот регион и Тетовско-Гостиварскиот регион.

„Предупредуваме на претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците, како и на сите оние места каде локално во попладневните часови ќе има интезивни врнежи од дожд“, велат од УХМР.

Препорачуваме:

Шаќири: Очекувам до октомври и ноември да се испечатени учебниците

„Водовод“ ја почна акцијата за исплата на долгови на рати без камата

Сузана Мицева

Николовски: Земјоделците да ги искористат новите интервентни мерки