• Fri. May 17th, 2024

Кревети, остатоци од плочест мебел и друг кабаст отпад собираше Комуналец од струмичани

Кабастиот отпад како кревети и остатоци од плочест мебел денеска собираа екипите на Комуналец од струмичани. Како што претходно најавија, секој викенд од јуни ќе се прави генерално чистење на градот.

„Во акцијата се влучени 30 работници, две машини за метење на улиците , 4 трактори, еден камион а по подигањето на сметот и метење на улиците вклучена е и цистерна која врши перење на истите. Акцијата започна со градските населби Карпош и Чифлик и се замолуват сите граѓани од овие реони кои имат секаков вид на отпад да го пријават на 13 110 и да го извадат пред дворовите во недела до 12 часот како би бил подигнат во текот на денот,“ велат од Комуналец.

Акцијата продолжува и наредните недели во месец Јуни и реонски ќе биде опфатен целиот град.