• Fri. May 10th, 2024

Дизајнерите од „Никола Карев“ на модна ревија во Битола

Средношколката Гордана Трајкова со професорките Катерина Хаџи Котарова-Микиќ и Маргарита Спасов и ликовната уметница Ана Филев како модел беа дел од модниот настан „Креативен ден 2023“ во Битола.

Настанот се одржа во Офицерскиот дом во Битола, а креациите на средношколците ги носеа познати личности од јавниот и општествениот живот. Креациите ги изработија средношколци кои се школуваат во текстилните насоки на неколку училишта од државата, а меѓу нив беше и СОУ „Никола Карев“ од Струмица.