Регион

Тутунарите да аплицираат за закуп

Тутунарите да аплицираат за закуп на земјоделско земјиште за да склучуваат договор за откуп на производениот тутун. Остануваат уште неколку дена за пријавување на земјоделските производители за закуп на земјиште во нивна сопственост. Тоа е битен услов нагласуваат од здружението на тутунопроизводители Басмак за да можат тутунарите да склучат договор за откуп на произведениот тутун. Објавениот оглас од министерството за земјоделство трае до 30 септември. Во јавниот повик се објавува доставување на понуди за давање на закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за сите катастарски општини во регионот. Затоа од Басмак ги повикуваат сите заинтересирани и корисници на државно земјиште да аплицираат на огласот на министерството а доколку и е потребна помош за повеќе информации да се јават во здружението на тутунопроизводители Басмак.

Препорачуваме:

ВИДЕО: Опожарените субјекти од Глобал бараат помош

Претседателот Пендаровски ги посети припадниците на Армијата и Транзитниот центар на јужната граница на државата

Ване Трајков

Приведени двајца криумчари на мигранти

Стојне Митева