• Sun. May 19th, 2024

Приведени двајца криумчари на мигранти

Приведени двајца криумчари на мигранти

Полицијата до скопското обвинителство поднесе кривична пријава против А.Р.(23) и А.Б.(28), двајцата од с.Студеничани, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти” казниво по член 418-б став 2 од Кривичниот законик.

Пријавените, на 16.02.2022 во 20.50 часот на автопат Гевгелија – Демир Капија, кај клучка Миравци, движејќи се со патничко возило „мерцедес” со бугарски национални ознаки, кое го управувал првопријавениот, не застанале на знак за запирање од полициски службеници. Набргу потоа, возилото го оставиле на автопатот и се дале во бегство. Во возилото биле пронајдени девет лица – мигранти (7 од Индија и по едно лице од Авганистан и од Пакистан), а исто така, по преземени мерки и активности биле пронајдени и пријавените кои биле приведени во полициска станица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *