Македонија Регион

Турска помош за земјоделство

Турска помош за земјоделството. Министерот за земјоделство Арјанит Хоџа потпиша договор за техничка помош за овој систем со турската агенција за земјоделско осигурување. Земјоделците од струмичко алармираат за последиците од климатските промени.

Земјава ќе добие техничка помош од Република Турција за воспоставување земјоделски осигурителен систем. Ова го договорија денеска министерот за земјоделство, Арјанит Хоџа на средбата со претставниците на турската Агенција за земјоделско осигурување.

Како што соопшти Министерството за земјоделство, на средбата беше презентиран начинот на функционирање на ТАРСИМ и беше договорена соработката за техничката помош. Воедно беше договорено да се формираат работни групи со претставници од двете страни за да се почне процес на воспоставување систем на земјоделско осигурување во нашата држава.

Земјоделците од струмичко со години алармираат за последиците од климатските промени.

-Инаку, овој систем ќе понуди долгорочно решение за проблемите што произлегуваат од природни непогоди и климатски промени кои се појаваат во земјоделскиот сектор. Истовремено и унапредување на осигурителниот сектор во делот земјоделство Македонија. Климатските промени се наметнуваат како сериозна закана за земјоделското производство и потребен е организиран пристап за прилагодување. Не смееме да заборавиме и на заштитата на земјоделските производи преку нивно осигурување, наведува МЗШВ.

Климатските промени се голем предизвик за земјоделците. Турска помош за земјоделството треба да понуди алтернативи.

Препорачуваме:

Нема да се укине додатокот за трето дете за оние кои веќе се стекнале со тоа право,а ќе земаат и оние кои ќе се родат во наредните 10 месеци.

Стојне Митева

Објавен повикот за изведувач на проектот „Јужна Долина“

Реакција на УМС: За прв пат во историјата младите во Струмица добиват свој простор ама НЕ СЕ ПРИСУТНИ!

Ѓ. K.