Регион

Нема да се укине додатокот за трето дете за оние кои веќе се стекнале со тоа право,а ќе земаат и оние кои ќе се родат во наредните 10 месеци.

Додатокот за трето дете ќе се укине, а ќе се дава еднократна помош за секое родено дете. Ова се предвидува со измените на Законот за заштита на децата, со кои се бришат членовите од Законот со кои беше предвидена помошта за трето дете.
Од Министерството за труд и социјална политика велат дека не станува збор за укинување на надоместокот, туку за унапредување на правото на користење на надоместок и на прво и на второ и на трето дете.
Откако измените на Законот ќе стапат на сила, додатокот нема веднаш да се укине. Ова право ќе го стекнат и родителите кои ќе добијат дете во рок од 10 месеци откако тој ќе биде усвоен. Оние родители кои веќе стекнале право за ваков надоместок нема да го загубат ова право, односно ќе продолжат да го остваруваат до завршување на период од 10 години за трето односно до 15 години за четврто дете.
„Со предложените законски измени не се укинува надоместокот за трето дете, туку се унапредува во право на користење на надоместок за прво, второ и трето дете. На овој начин се проширува правото на користење на еднократна парична помош за новороденче и се дава можност на истото и за второродено и за третородено дете. Исто така, се прави прогресивно зголемување на износот. За прво дете висината на еднократната парична помош предвидено е да изнесува 5.000 денари, за второ 20.000 денари, а за трето новороденче 60.000 денари“, велат од Министерството за труд и социјална политика.
„Овој додаток бидејќи не беше наменет за сиромашните лица, додаток за трето дете добивале семејства кои се во многу добра економска состојба и немало никакво ограничување во однос на ова. Промените кои ги направивме ги отстрануваат овие проблеми и парите се насочени кон вистинските групи граѓани. Во држава со стапка на детска сиромаштија од близу 30 проценти, многу извори покажуваат дека не е целисходно да се издвојуваат толкави средства без притоа значително да се влијае на намалувањето на сиромаштијата“, додаваат од Министерството.

Препорачуваме:

Денеска топло време со температура до 39 степени, од среда пороен дожд и грмежи

Сузана Мицева

Општина Ново Село и Црвен Крст со хуманитарна акција

Се бетонира улицата од центарот на Давидово до црквата

Сузана Мицева