Регион

Три години по изградбата се уште не се поделени становите од социјалната зграда во Струмица

Три години по изградбата се уште не се поделени становите од социјалната зграда во Струмица

37 станови од стамбената зграда во Струмица наменета за социјално ранливи категории на граѓани се уште се празни.  Државата и по три години од изградбата не може да ги додели на корисници на социјална помош, деца без родители, самохрани мајки, лица погодени од елементарни непогоди.  

Поништени беа неколку повика за распределба, а министерот Бочварски во февруари најави повик за десетина дена.

Од Министерството за транспорт и врски информираа дека повикот што го најави Бочварски е пролонгиран заради ковид ситуацијата, бидејќи дел од членовите на комисијата се позитивни на ковид-19.

„Заради ковид ситуацијата, двајца членови од комисијата беа позитивни и во изолација. Огласот за распределба на социјалните станови во Струмица на улицата `Ѓорги Василев` ќе биде распишан следната недела“ – одговорија од Министерството  за транспорт и врски на прашањето зошто го нема се уште јавниот повик.

Со процесот на деинституционализација четири стана од социјалната зграда во Струмица беа доделени на Министерството за труд и социјална политика во кои се вселени лица со посебни потреби кои беа во Заводот за рехабилитација „Бања Банско“. Во неа веќе живеат повеќе од година дена.

За стан во ова социјална зграда може да аплицираат само граѓани од социјално ранливите категории кои се жители на општина Струмица. Право на добивање стан немаат лица од социјален ризик од околните рурални општини Василево, Босилово и Ново Село кои ги покрива Центарот за социјални работи од Струмица.

Препорачуваме:

Пристапните патеки во училишниот двор во Владевци, комплетно завршени

Ване Трајков

Загинати се 12 деца, а останатите се млади луѓе од 25 до 30 години

Стојне Митева

Завршува реконструкцијата на градинката во Ново Село