• Sun. May 19th, 2024

Тајгер Вудс се бори за живот. Најдобриот голфер Тајгер Вудс се бори за живот по тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера во близина на Лос Анџелес, пренесуваат американските медиуми.

45-годишниот Вудс бил сам во автомобилот, кој при голема брзина излетал од регионален пат. По стравотната несреќа, пожарникарите го ваделе од автомобилот. Веднаш е префрлен во клинички центар, каде што во моментот докторите се борат за неговиот живот.

Како што се знае досега, тој има скршеници на нозете. Тој е опериран, но засега не се знае неговата состојба.

Во тек е истрага за причините за несреќата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *