• Sat. May 18th, 2024
европска куќа

Отворена Европска куќа во Струмица. Евроамбасадорот Дејвид Гир и премиерот Зоран Заев вчера во Струмица ја отворија новата Европска куќа (Europe House). Таа е основана од Делегацијата на ЕУ за да им служи на младите луѓе од Струмица. Треба да функционира како младински центар за поширокиот регион.

Околу една година по отворањето на Europe House во Скопје, и само неколку дена по отворањето на Europe House во Крива Паланка, уште едно место за новите генерации сега се отвора во Струмица. Трите објекти (сега за сега) на Europe Houses се специфично обмислени. Тие

Тие треба да ги задоволат потребите на младите луѓе од соодветните региони и да им понудат можности на младите за развој на нивното критичко размислување. Исто така и способноста за дебатирање и вмрежување. Вака информираат од Канцеларијата на Делегацијата на ЕУ во Скопје.        

Оттаму појаснуваат дека програмата за отворањето почнало завчера со светлосна инсталација и настап на локални музичари и уметници. Официјалното отворање вклучува активности на отворено во малиот парк лоциран спроти Europe House во Струмица. Учествуваа локални млади луѓе т.е. хип-хоп танцовото студио One Way, графити уметникот Сашко Николовски, спортисти, уметници, како и Младите европски амбасадори и аташеа од Северна Македонија.
Градоначалникот Коста Јаневски го предаде клучот од Europe House на младите луѓе од Струмица. Тој присуствуваше покрај евроамбасадорот Ричард Гир и премиерот Зоран Заев. Вечерта имаше light аrt инсталација внатре во Europe House како заокружување на денот на отворањето. Седумдневната програма за отворањето ќе се спроведе во согласност со безбедносните протоколи за Ковид-19, соопштуваат од Делегацијата на ЕУ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *