Регион

Во сабота литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка

Струмичката православна епархија најавува свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка.

Литијата ќе тргне в сабота на 22 април 2023г во 10 часот по завршувањето на Светата Божествена Литургија во храмот на Св.Димитриј и Св.Григориј Палама кон Градскиот плоштад “Гоце Делчев” во Струмица.

Претходно, в петок, 21 април 2023 година, светата Икона ќе биде пренесена од храмот на Св.15 Тивериополски Свештеномаченици до храмот на Св.Димитриј и Св.Григориј Палама веднаш по завршувањето на вечерната служба од 16 часот.

Препорачуваме:

Сузбиена меѓународна организирана криминална група, спречен шверц на 105 килограми кокаин во Грција – вклучени и граѓани од Гевгелија и Богданци

Ване Трајков

Струмичанец се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрил автомобил

Ѓ. K.

Црвен крст Струмица отвора броеви за донации за ранлива категорија на граѓани

Сузана Мицева