• Tue. May 14th, 2024

Струмичанец се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрил автомобил

ByЃ. K.

Aug 11, 2023

Струмичанец вчера се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрил автомобил.

– На 09.08.2023 во 10.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Благоја Стефковски“ во Скопје патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Ј.(58) од Скопје, удрило во М.К.(52) од Струмица, информира МВР.

Како што соопшти МВР, во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

By Ѓ. K.