Забава

Струмичани ги пошумија ридовите над градот

Со 1000 садници денеска струмичани ги пошумија ридовите над градот. Еко-акцијата за зелена околина ја поттикнаа активистите од Здрава котлина и Еко долина, а како што изјави активистот и советник Ѓорги Танушев за канал ВИС, садниците ги обезбедиле Македонски шуми.

Секој граѓанин што сака да биде дел од оваа акција денеска можеше да се приклучи и да ужива во заедничкото садење млади дрвца и да се дружи на ридовите кои пред неколку години се соголија откако тамошната шума изгоре во стравичниот пожар што однесе и човечки жртви.

Во акцијата се приклучи и градоначалникот Костадин Костадинов, како и претседателот на советот на о.Струмица, Марјан Даскаловски.

Препорачуваме:

Поезија на зајдисонце на 14. Роднокрајни поетски средби

Сузана Мицева

Украсувањето Божиќно дрво е обичај којшто се негувал уште во раното христијанство

Сузана Мицева

40 лица во Струмица тестирани за коронавирус

Сузана Мицева