Спорт

Струмица Никоб и втор пат поразена од Мурса, овојпат во Хрватска

И покрај големата желба и водството по првиот сет, екипата на Струмица Никоб не успеа да ја оствари целта со пласман во 2. коло од ЦЕВ Купот. Мурса Осијек оствари и втора победа над нашиот првак вечерва со 3:1 (21-25, 25-17, 25-19, 25-15) и со тоа не дозволи изненадување.

Хрватскиот состав одигра одлично и на првиот меч во Струмица кога славеше со 3:2, па денешната победа само ја потврди нивната одлична форма. Струмица Н. одлично го почна мечот, го доби стартниот сет со 25:21, но кога беше најважно да се продолжи серијата, падна во вториот сет. И покрај доброто отворање, поен за поен, кризата стигна кон средината на сетот кога Мурса се одлепи на 13:8 и потоа бепше се потешно. До крајот домашните го диктираа темпото и успеаја да го решат сетот со убедливи 25:17.

Препорачуваме:

Секулов – Годинава за спортските екипи и тренери подршка од 3 милиони и 700 илјади денари, општината ги објави повиците

Наковски со победа, Виктори со пораз во првите мечеви за пласман во полуфиналето во Купот

Одбојкарите на ОК Струмица со убедлива победа против екипата на ОК УГД Штип

Ѓ. K.