Спорт

Наковски со победа, Виктори со пораз во првите мечеви за пласман во полуфиналето во Купот

Екипата на Наковски Волеј забележа победа против Планет со 3:2 во сетови во првиот четвртфинален меч од одбојкарскиот Куп на Македонија во женска конкуренција. Интересен меч во кој Наковски волеј покажа одлична игра против скопскиот состав кој се сметаше за фавроти во овој дуел. Струмичанки воопшто не потфрлија во овој меч и се покажаа како незгоден противник кој има сили за високи дострели и во Куп натпреварувањето

За разлика од Наковски , Виктори Волеј не успеа да забележи победа против Универзитет од Тетово. Во салата Партизан претрпеа пораз со 3:1 во сетови.  Домакинките имаа шанси да направат изненадување но одредени сомнителни судиски одлуки но и грешките во финишот од сетовите го искористија гостинките од Тетово кои обезбедија предност пред реваншот

Препорачуваме:

Наскоро нов Фудбалски клуб во Струмица кој ќе работи по холандска програма

Ангеловски трет на маратонот Шри Чинмој во Скопје

Ване Трајков

За пласман во полуфиналето од КУПОТ, пандевци со лесен противник, Беласица против Силекс