Спорт

За пласман во полуфиналето од КУПОТ, пандевци со лесен противник, Беласица против Силекс

Академија Пандев доби лесен противник во четвртфиналето од фудбалскиот КУП на Македонија. За пласман во 4 те најдобри екипи во ова натпреварување пандевци треба да ги одмерат силите со второлигашот Кораб кој направи вистинско изненадување пласирајки се во Топ 8 те најдобри екипи во Купот.

За разлика од Академија Пандев, Беласица во четвртфиналето од Купот треба да се сретне со кратовски Силекс кај кого ќе биде одигран првиот меч а реваншот ќе биде на стадионот Младост

Во четвртфиналето се играат два натпревари. Во случај на изедначен резултат по втората средба, веднаш се пристапува кон изведување на пенали. Првите дуели се играат на 7 ноември, додека реваншите се на 5 декември, и двата од 13:00 часот

Четвртфинале КУП :

Шкендија – Победа
Силекс – Беласица
Академија Пандев – Кораб
Македонија ЃП – Работнички

Препорачуваме:

Фото – Стадионот ,,Младост,, во Струмица ќе носи многу европски натпревари

Ване Трајков

Макс Струмица утре против унгарскиот гигант Веспрем

Ване Трајков

A.Пандев во Тетово го претрпе првиот прволигашки пораз а заслужуваше реми