Регион

Стојанова: Нашите ученици не заостануваат зад оние од европските земји

Струмичките гимназијалци не заостануваат зад оние од веропските земји, тврди директорката на струмичката гимназија „Јане Сандански“, Невенка Стојанова. Таа вели дека треба да се погледнеме во огледало и да си признаеме дека имаме проблем со образовниот систем, а не со потенцијалот на децата.

Според неа, насушно ни се потребни реформи, но смислени, а не коренито менување кое ги опфаќа и добрите аспекти и практики на македонското образование.

Средношколците од „Јане Сандански“ досега многупати ги одмерувале своите знаења со врсници од различни земји на натпревари, меѓународни проекти и соработки. Затоа, просветните работници сметаат дека причините за ниските резултати на Писа тестовите треба да се бараат кај системот.

Препорачуваме:

ООУ „Маршал Тито“ од Муртино продолжува со заедничките активности од проектот „Јакнење на меѓуетничката соработка во општините“

Поради дефект ќе биде прекинато водоснабдувањето на улицата „Неретва“

Dimitar Micev

Се продава ли Еуромакс?

Сузана Мицева