• Thu. May 16th, 2024

Голем одзив на хуманитарната акција за настраданите од земјотресот

„III-4 го обединува градот“. Вака ја насловија хуманитарната акција третооодделенците од основното училиште „Никола Вапцаров“  од Струмица и нивната наставничка Невенка Дончевска. Денеска тие на струмичкиот плоштад собираа донации за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија и со големиот број донирани пакети пкажаа дека се исполнила нивната мисија. Наставничката вели дека одзивот е над очекувањата.

Освен учениците и наставници, на акцијата се приклучија и родителите на децата, кои ги примаа пакетите и ги забележуваа донациите.

По двочасовната акција на градскиот плошат, пакетите ги презема Црвен крст Струмица, кои ќе ги достават до Скопје од каде ќе се носат во настраданите подрачја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *