Македонија

Состаноци на мешовитата комисија со Бугарија

Состаноци на мешовитата комисија со Бугарија. Учебниците за седмо одделение и прашањето за ликот и делото на Гоце Делчев се очекува да бидат ставени „на маса“ на состаноците на мешовитата историска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија.

Средбите ќе се одржат онлајн денеска и утре.

Членовите на комисијата претходно се состанаа за да разговараат за содржините во македонските учебници по историја за средновековниот период и раноосманлискиот периоди и образовни прашања. Како што информираа копретседателите на комисиите по завршувањето на тој состанок, малку било разговарано за Гоце Делчев и немало никакво поместување во однос на дебатата за заедничко чествување на неговиот лик и дело.

Говерејќи за овие состаноци на мешовитата комисија со Бугарија, бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, утрово оцени дека засега не е постигнат значителен напредок.

Препорачуваме:

Институтот за комуникациски студии и Дома со видео за Денот на планетат Земја

Сузана Мицева

566 санкции за брзо возење на територија на цела држава

Ване Трајков

Зоран Заев: Време е регионот да си го брендираме и промовираме како уникатен инвестициски потенцијал

Сузана Мицева