• Sun. May 19th, 2024

Зоран Заев: Време е регионот да си го брендираме и промовираме како уникатен инвестициски потенцијал

Поранешниот премиер, Зоран Заев, учествува на Сараево Бизнис Форум, каде зборуваше за предизвиците на регионото во услови на светска економска но и безбедносна криза. Говорејќи за предизвиците од војната во Украина на овогодинешното издание на Сараево Бизнис Форум, поранешниот премиер Зоран Заев нагласи дека Светот, Европа, а со тоа и регионот, не се соочува само со намалена продуктивна моќ на компаниите или со намалена продажба поради намалената куповна моќ на граѓаните, туку и со предизвикот да се зачуваат работните места.

„Денес предизвиците се многу поголеми – недостаток на храна, глобална реорганизација на снабдувањето со енергенси, ценовни шокови“, оцени Заев. Факт е дека се намалени проекциите за економски раст на глобалната и европската економија. Светска банка во својот априлски Економски извештај за Европа и Централна Азија наведе дека стапката на раст во Западен Балкан ќе падне на 3,2 отсто во 2022 година. Тоа е намалување за 0,9 процентни поени во однос на јануарската проекција кога беше прогнозиран раст од 4,1%. „Затоа, регионалната соработка ја ставам на првото место.

Според Заев „За да ги донесеме големите играчи треба да и ние да играме поголема игра. Западен Балкан има огромни потенцијали за создавање енергија од обновливи извори на енергија, имаме многу сонце, ветер и вода. Тоа подразбира инвестиции во големи стратешки и инфраструктурни проекти, а денес тоа го можат големи и глобални инвеститори. Нашите држави може да се конкурентни за вакви проекти само ако се здружиме и ако настапуваме како регион. На тој начин недостатоците ќе исчезнат, придобивките ќе пораснат“.

Тој потсети на значењето на проектот Александруполи, кој како што рече е типичен пример како треба да се игра регионално кога е во прашање глоабалната енергетска политика. Заев сугерира државите да продолжат засилено да ги помагаат граѓаните директно. Особено најранливите и најсиромашните. Опоравувањето бара одржување на куповната моќ на семејствата, а со тоа и амортизација на ценовните шокови. „Минималната плата мора да одржува постојан раст, социјалната помош исто така, пензиите исто така. Државите, владите, бизнисите, синдикатите и опозициите треба да бидат во постојан дијалог и да создаваат решенија. Во кризни времиња штрајковите и блокадите не се решенија. Дијалогот е решение,“ порача Заев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *