Македонија

Со примени две дози вакцини, 96 македонски граѓани се заразиле со Ковид-19

Министерството за здравство вчера објави дека 96 од 330.320 лица во државава кои примиле две дози од вакцината против Ковид-19 се заразиле со коронавирус. Тоа значи дека само 0,02 отсто од целосно вакцинираните се заразиле со коронавирус, што покажува колку е важно граѓаните да се вакцинираат, велат од Министерството. Посочуваат дека само 13 од овие случаи завршиле со хоспитализација и дека нема починати меѓу лицата кои примиле две дози од вакцината.

Од Министерството за здравство уверуваат дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација

Во државата вкупно се аплицирани 818.295 дози вакцини, а ревакцинирани се 330.320 граѓани.

Со последните бројки, 62 отсто од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина, 59 проценти од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 55 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 45 отсто од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктовите низ државата.

Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба.

Сајтот „vakcinacija.mk“ е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.

извор:https://www.vecer.press/%D1%81%D0%BE-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D0%B4%D0%B2%D0%B5-%D0%B4%D0%BE%D0%B7%D0%B8-%D0%B2%D0%B0%D0%BA%D1%86%D0%B8%D0%BD%D0%B8-96-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81/

Препорачуваме:

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на трудот

Сузана Мицева

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Сузана Мицева

Донирани 160 таблети на институции и даватели на социјални услуги

Ѓ. K.