Македонија

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на трудот

Меѓународен ден на трудот — меѓународен празник кој се празнува на 1 мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците.

Овој празник се одбележува на 1 мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 г. во Чикаго. На овој штрајк, организиран со цел воведување на осумчасовен работен ден, била употребена сила од страна на полицијата, при што имало и жртви. Подоцна, организаторите на штрајкот биле изведени на суд, при што четворица од нив биле погубени. Во знак на почит кон жртвите од чикашкиот штрајк, Втората интернационала на својот оснивачки конгрес во 1889 донесе декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации на 1 мај со цел подобрување на својата положба. Оттогаш, традиционално, на 1 мај секоја година во повеќе земји ширум светот се одржуваат демонстрации во знакот на одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот.

Меѓународниот ден на трудот е државен празник во повеќе земји во светот, пред сè во комунистичките и бившите комунистички земји. И во Република Македонија, Меѓународниот ден на трудот има статус на празник. Притоа, до 2006 година, тој се празнувал 2 дена, на 1 и 2 мај, а од 2007 година се празнува само еден ден. Во Македонија, празникот вообичаено не се одбележува политички и, наместо тоа, се користи како ден за екскурзии во природата.

Препорачуваме:

Владата ќе ја одржи 28та седница

На полноќ истекува рокот за собирање потписи на локалните избори

Сузана Мицева

Кај жител на Добрејци полицијата нашла кокаин, марихуана, стебла канабис сатива