Македонија

Штрајкуваат вработените во Пошта

Денеска со почеток од 8 часот треба да почне штрајкот на вработените во АД „Пошта на Северна Македонија. Како што беше најавено причините за штрајкот е, како што велат неизвесната иднина на над 2.200 вработени и иднината на компанијата и неоствареното барање за линеарно зголемување на платите од 3.000 денари. Се бара гаранција за зачувување на работните места, редовна плата и нова систематизација.

Од Синдикатот велат дека голем број од вработените добиваат плата од само 17.000 денари. Во време на штрајкувањето вработените ќе ги извршуваат само оние услуги од поштенскиот дел како судски препорачани пратки, пратки за прекршоци и пратки за одбрана и безбедност. Сите останати видови на услуги ќе бидат во мирување. Поштенските единици ќе бидат отворени за извршување на услугите на физичките и правни лица. Се тврди дека штрајкот го поддржуваат над 90 отсто од вработените.

Менаџментот на АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје, вчера попладнето во очи на најавениот штрајк од двете синдикални организации соопшти дека поднел иницијатива за започнување на постапка за мирно решавање на работниот спор.

„Во очекување на спроведување на постапката за помирување, во законски утврдениот рок, кое е во надлежност на Министерството за труд и социјална политика, доколку синдикалните организации се одлучат да стапат во штрајк, сакаме да информираме дека АД „Пошта на Северна Македонија“ ќе обезбеди целосно почитување на член 49 од Законот за поштенските услуги, согласно кој сме должни да обезбедиме прием, пренос, сортирање и дистрибуција на поштенските пратки, што се користат во судски постапки, административни постапки, постапки во врска со прекршоци и препорачани поштенски пратки, пренос, сортирање и дистрибуција на препорачани поштенски пратки за потребите на одбраната и безбедноста, како и препорачани пратки и пратки со означена вредност што се собрани пред почетокот на штрајкот, соопштија од Пошта.

Препорачуваме:

Нови 22 лица позитивни на КОВИД 19 во земјава

Ване Трајков

Карантин за враќање од африкански земји

Сузана Мицева

Од денеска поскапува парното

Стојне Митева