Македонија

Од денеска поскапува парното

Од денеска поскапува парното греење за 14.18%.

Од Владата најавуваат нови антикризни мерки за граѓаните и компаниите, а главна задача, како што велат, ќе биде да се обезбеди струја и други енергенси во текот на зимата.

Ова е второ поскапување на парното годинава и со него просечна сметка од 1.800 денари се зголемува за 250 денари. Одлуката за новата цена, според образложението на Регулаторната комисија за енергетика, се должи на драстично зголемените цени на гасот на светските берзи, кој се тргува по десет пати повисоки цени од пред кризата.

Доколку не се увезат потребните количини на природен гас за производство на топлинска енергија, како што укажаа од РКЕ, тогаш ќе мора да се користи мазутот за производство, што е многу неповолно од еколошки аспект и е ризично за граѓаните.

извор: макфакс

Препорачуваме:

Клиниката за кожни болести затворена- цел персонал и пациентите во двонеделна изолација

Сузана Мицева

Од полноќ поевтинуваат горивата

Комисијата за заразни болести деновиве ќе дискутира за евентуално нови мерки