• Mon. May 20th, 2024

Комисијата за заразни болести деновиве ќе дискутира за евентуално нови мерки

Членовите на Комисијата за заразни болести на денешниот состанок дискутираа за повеќе предлог мерки, за кои дополнително ќе се донесат одлуки и заклучоци, соопшти Министерството за здравство. Конкретно, за предлогот за намалување на времето на изолација за асимптоматските случаи на ковид-19, членовите ќе донесат одлука по дополнителна обемна дискусија која ќе следи во наредните денови.

На денешниот состанок комисијата ја разгледувала и евентуалната можност за промена на почетокот на второто полугодие од учебната 2021/2022 година, но и за овој предлог одлуката ќе биде донесена непосредно пред почетокот на второто полугодие.

Од Министерството за здравство велат дека клучно ќе биде каква е епидемиолошката состојба во државата и одлуката за почетокот на второто полугодие од учебната година ќе биде усогласена и со Министерството за образование и наука.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, изминатата недела има зголемување од 51 отсто на позитивните случаи, како и 41 отсто зголемување на хопитализацииите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *