• Sun. May 26th, 2024

Секој е потенцијален зависник-порача д-р. Митова на трибина во Струмица

Секој е потенцијален зависник и затоа треба да се тргне стигмата од луѓето што се борат со зависности. Вака порачаа говорниците на трибината Зависност-криза на современиот човек што се одржа во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица. Доктор Васка Митова, специјалист психијатар, вели дека клучно е да се разбере што подразбира зависноста и колку лица има таа. Честопати луѓето не се ни свесни дека стекнуваат зависност сѐ додека таа не почне да го менува нивниот живот и животот на нивните блиски.

Борбата со зависности е тешка и мачна, но, не е е безнадежна. Ова е оценката на психотерапевтката Билјана Мицева која повеќе од една деценија работи во тераписката заедница Покров. Таа апелира за поддршка на лицата кои се борат со зависност за да се охрабрат да побараат помош.

Психологот и теолог отец Симеон Кантурски, вели дека зависноста е тешка состојба и дека личноста која се бори со зависност е во голем очај.

На трибината говореше и Викарниот епископ Стобиски господин Јаков. Тој порача дека секој член на заедницата треба да развие свесност но и прифаќање на лицата кои се борат со зависници. Како пример на трибината се посочи токму тераписката заедница Покров која е основана со поддршка на струмичката епархија.

Статистиките говорат дека бројот на зависници е во постојан пораст. Последните истражувања на европскиот монитроинг систем говорат дека во Македонија расте и бројот на адолесценти кои користат најразлични опијати. Од истражување на примерок од 2400 деца дури 20% користеле некаква дрога.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *