• Fri. May 17th, 2024

Одбележан Денот на Општина Василево

Со Свечена седница, Советот на општина Василево го одбележа 16-ти Декември, Денот на општина Василево, денот кога пред 26 години  е одржана Првата конститутивна седница, на која  е формирана ЕЛС Василево.

Седницата ја отвори претседателот на Советот, Ристо Делијанов, кој упати желби за  успешен понатамошен развој на Општината. „Во периодот во кој ја извршуваме оваа граѓанска должност, зад нас се дваесетина одржани седници со над стотина Одлуки, Решенија, Програми… во кои се преточени потребите на заедницата и условите неопходни за нејзино непречено функционирање во делот на локалните надлежности. Преку нашата работа како Советници продолжуваме по патот што го трасирале нашите колеги од претходните општински Совети и во името на сите советници, упатувам добри желби за иден  раст и развој на општината“, рече претседателот Делијанов

Свое обраќање имаше и градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов кој зборувајќи за напредокот и развојот на општината ја нагласи добрата соработка со сите советници и институции кои општината ја има, како резултат на што се реализирани бројни проекти со кои се подобруваат секојдневните услови за живот во општина Василево.

„ Како актуелен градоначалник, и Совет во кој функционираме како едно, без разлика на политичката определба, со кој имам одлична соработка, во периодот во кој  сум прв човек на општината, успешно го продолжувам нејзиниот развој.  Развојот кој започна пред 26 години и во кој учествуваа моите претходни колеги и советници.   Со секој нов ден, максимално, со ангажирање на сите потенцијали и  ресурси,  работам на подобрување на се она што значи услови за живеење во општина Василево,“ рече градоначалникот Андонов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *