• Fri. May 17th, 2024

Случајот со рудникот Иловица се враќа на повторно судење

Случајот со рудникот за злато и бакар Иловица се враќа на повторно судење. Вака гласи најновата одлука на Вишиот управен суд донесена во октомври. Според неа, се уважува жалбата на концесионерот Еуромакс и судот наново ќе одлучува. Новата одлука на Вишиот управен суд ги изреволтира активистите кои веќе петта година се борат против отворање на рудникот. Тие обвинуваат дека зад последната одлука се крие влијанието на политичката партија ДУИ и наводниот интерес на тетовската компанија Еколог да го купи Еуромакс.

Активистите порачаа дека брбата не е завршена и дека не отстапуваат од црвените линии, дека рудник во струмичко нема да се отвори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *