Свет

Се повеќе црвени зони на европската корона-карта

Се повеќе црвени зони на европската корона-карта. Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ECDC) ја ажурира корона картата секој четврток. Станува збор за приказ на присуство на КОвид-19 по земји според кој земјите – членки на ЕУ усвојуваат мерки и ги одредуваат правилата за влез од одредена земја точно според бојата што земјата ја има на оваа карта.

Боите за одделни области се одредуваат со комбинација на потврдени случаи на инфекција во изминатите 14 дена на 100.000 жители и процентот на тестирано население.

Најновата мапа на корона покажува дека ситуацијата во цела Европа се менува на полошо.

Хрватскиот брег е се уште портокалов, а и на Загреб сега му е дадена оваа боја. Дел од Словенија се смени од зелена во портокалова.

Шпанија во моментов има само еден регион кој не е во темноцрвена боја. Делови од Франција станаа црвени, па сега има само еден регион кој се уште е портокалов.

Портокаловата во моментов е доминантна боја во Италија. Во поголемиот дел од Грција сега доминираат црвената и темно црвената боја, додека само една останува во портокаловата зона.

Препорачуваме:

Бил Гејст донира уште 250 милиони долари за борбата со ковид-19: „Дали светот ќе стане подобро место зависи од одлуките на светските лидери“

Сузана Мицева

СЗО: Досега се дадени 28 милиони вакцини во 46 земји во светот

Сузана Мицева

Камерон вчера ја објавил неговата даночна евиденција

Dimitar Micev