• Sat. May 18th, 2024

Две третини од младите во Македонија би се отселиле веднаш

Две третини од младите во Македонија би се отселиле веднаш. (64,8%) од младите во земјава се незадоволни од своето место во општеството. Ова го покажува студијата „Социо-политичко учество на младите: Нееднаквост, неизвесност и различни очекувања“, изработена во соработка со Фондацијата за демократија на Вестминстер.

Студијата покажува дека 58% од младите би се иселиле, доколку им се укаже можност. Од нив, само 6,9% би се вратиле назад во земјата. Повеќе од половина од младите луѓе (56%) ретко или никогаш не ги следат и не се заинтересирани за политичките настани и случувања во земјата.

Студијата покажува дека 69% од младите никогаш не биле консултирани од институциите. Наспроти една третина (27%) кои биле консултирани на локално или национално ниво. Бројот на испитаници кои никогаш не биле консултирани се намалил за 15% во споредба со истражувањето од 2019 година. Важноста од вклучувањето и активноста на младите генерации ја покажува податокот дека младите кои се вклучени во младинско организирање имаат попозитивна слика за себе и своето место во општеството.

Влезот во Европската Унија е важна тема за младите, но оптимизмот кај нив е опаднат во споредба со 2019. Речиси половина (44%) од испитаниците веруваат дека државата ќе стане членка на ЕУ. Просечната година во која сметаат дека тоа може да се случи е 2026 година.

Речиси 8 од 10 млади (77,3%) луѓе сметаат дека властите делумно или воопшто не се грижат за нив и нивните потреби.

Пандемијата не ги одмина младите, речиси на 15% им се намалила платата во текот на кризата. Додека 6% ја изгубиле работата. Во поглед на образованието, младите кои се во образовен процес даваат просечна оцена 3 за квалитет на наставата за време на пандемијата.

За да се подобри животот на младите во земјата, дел од клучните препораки се да се гарантираат средства во државниот буџет за млади и младински политики. Општините да формираат локални младински совети и да отворат младински центри. А, политичките партии да се заложат младите да бидат застапени во програмите и на кандидатските листи на претстојните локални избори. Да се поддржува младинското организирање и законски да се гарантира средношколското учество. Институциите да работат на информирање и едукација на младите за потребата од вакцинација за спречување на ширењето на Ковид-19.

Истражувањето беше спроведено преку телефонска анкета од страна на ТИМ институт во 2020-та година. Изработено е од Младински образовен форум и Фондацијата за демократија на Вестминстер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *