Свет

Републиките во Донбас ги ратификуваа договорите со Русија

Отцепените републики во Донецк и Луганск го ратификуваа договорот за пријателство и помош со Москва, со што формално се отвораат вратите за добивање воена и финансиска поддршка, откако рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет за признавање на нивната независност.

Во изјавите објавени истовремено, парламентот на Народната република Донецк и Народниот совет на Луганск објавија дека одлуката за ратификување на Договорот за пријателство и соработка со Руската Федерација, била усвоена едногласно од двете собранија.

Еден ден претходно, Путин одржа телевизиско национално обраќање во кое зборуваше за овие две републики.

„ Сметам дека е неопходно да се донесе одлука што требаше да се донесе одамна и веднаш да се признаат и двете како суверени држави“ изјави рускиот претседател. Потегот, рече тој, е одговор на долгогодишните борби на истокот на Украина, разурнатиот од војна и обидите на Киев да „вовлече странски држави во конфликт со нашата земја“ со своите напори да се приклучи на НАТО.

Рускиот парламент сега ќе ги разгледа договорите, а парламентарната комисија за меѓународни прашања веќе препорача ратификување на договорите. Минатата недела, пред Путин да ја објави својата одлука за признавање на отцепените региони, 351 пратеник го поддржа предлогот со кој се повикува Кремљ да ја поддржи нивната независност. Само 16 пратеници гласаа против резолуцијата, а еден беше воздржан.

Препорачуваме:

Британските деца можат да одберат дали во училиште ќе носат здолништа или панталони

Во Србија над 200 новозаразени за еден ден, властите препорачуваат трета доза

Британскиот суд одлучи дека Асанж може да биде екстрадиран во САД