• Sat. May 18th, 2024

Пазарот е преплавен со увезено свинско месо

Пазарот е преплавен со увезено свинско месо

За да се спаси домашното квалитетно производство на свежо свинско месо, производителите бараат привремена забрана на увоз на замрзнато месо за трговија, како и увоз на мали прасиња.

Додека другите цени растат, цените на свинското месо се намалуваат. Само во последната недела тие се намалени за 10 денари, така што во една продавница  свинската плешка се продаваше по 279 денари за килограм, свинскиот бут за 289 денари, а кременадлите за 239 денари по килограм.

Ниските цени се добредојдени за граѓаните, но производителите на свинско месо велат дека таквите цени се должат на огромниот увоз на замрзнато свинско месо, кое е субвенционирано од земјите од каде што доаѓа. Напливот на замрзнато месо, пак, довел до тоа цената на домашното свежо месо од почетокот на ноември до сега да се намали за 20 проценти, тврди најискусниот производител на свинско месо Перо Колевски, сопственик на компанијата „Агриа“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *