Македонија Регион

Расте бројот на невработени

Расте бројот на невработени. Бројот на невработени лица на крајот на февруари според евиденцијата на Агенцијата за вработување изнесува 159608 лица. Тоа е за 927 лица повеќе во однос на јануари 2021 година. Во овој месец се евидентирани нововработени 3185 лица. А 5440 кои стекнале статус на невработено лице. Од почетокот на кризата без работа, според евиденцијата, останале 18266 лица.

Меѓу невработените евидентирани лица најмногу 31293 се од Скопје, 20781 се во Тетово, 16.585 во Куманово, 11765 Гостивар, 6742 во Битола, 4468 во Штип….

Најголем број од невработените се на возраст меѓу 55 и 59 години 21360 ица. На возраст од 50 до 54 се евидентирани 17890. И од 45 до 49 години 16927. Голем број невработени има и меѓу лицата на возраст од 24 до 29 години – 17764.

Најбројни меѓу невработените се оние без или со основно образование 85525 лица. Со непотполно средно образование се евидентирани 15750. Со средно 42749, со вишо 1407, со високо образование како невработени се евидентирани 13174. Магистри на наука се 974 и доктори на наука во евиденцијата на невработени се 29 лица.

Според националната припадност најбројни меѓу невработените се Македонци 77124, Албанци се 53169, 14714 се Роми…

Препорачуваме:

Повреден мигрант кој сакал да се качи на воз кој транзитирал на релација Скопје-Гевгелија

Вечерва „Концерт под маски“ на ОМУ „Боро Џони“ Струмица

Сузана Мицева

Објавен е Јавен повик за Стратегија за енергетска ефикасност на Општина Струмица

Ѓ. K.