Регион

Растат цените на кириите во Струмица-најниската 150 евра

Енормно пораснаа цените на кириите во Струмица. Невозможно е да се најде стан по цена пониска од 10.000 денари за еден месец. Дури и најлошите сместувања во кои условите за живот се на работ на пристојноста се недостапни за граѓаните кои имаат потреба од сместување под кирија.

Од агенциите за недвижности велат дека иако цените вртоглавно се зголемија, во градот тешко се наоѓа стан под кирија. Пристојно сместување чини помеѓу 200 и 300 евра за еден месец. Особено актуелни во последно време се и издавањата на апартмани на пократок рок, за неколку вечери.

Цената за ноќевање во приватно сместување, најчесто стан, се чини од 40 до 60 евра за ноќ за помал стан, а поголемите достигнуваат цена и до 100 евра.

Следствено на издавањето, порасна и продажната ценља на становите. Ако до пред три години цената на новоизградените станови се движеше од 550 до 650 евра за метар квадратен, сега најниската цена на новите станови почнува од 800 евра за метар квадратен.

Препорачуваме:

Изречени 197 санкции за брзо возење на подрачјето на СВР Струмица

Ване Трајков

Видео – Утревечер театарска претстава на деца со посебни потреби заедно со деца од редовна настава ,,Кралството на Снежана и џуџињата,,

Ване Трајков

Едно возило се преврте: Три лица повредени во сообраќајка во Струмица

Ѓ. K.