Регион

Едно возило се преврте: Три лица повредени во сообраќајка во Струмица

Три лица се повредени во сообраќајка во Струмица откако две возила се судриле на крстосницата од улиците „Климент Охридски“ и „Братство и Единство“, а едното од нив од ударот се превртело.

Според информацијата од СВР Струмица, на 12.4.2024 (петок) околу 16:30 часот во Полицисиката станица во Струмица било пријавено дека се случила сообраќајна несреќа меѓу автомобил „шеворлет“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Б. (77) од Струмица и товарно возило “фиат“, исто така со струмички регистарски таблички, управувано од К.Л.(45) од Струмица.

Тешко повреден е возачот на товарното возило, а со телесни повреди се здобиле возачот В.Б. и сопатникот во патничкото возило Г.Б.(75)

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Препорачуваме:

Систематски решенија за лицата без документи од ромската заедница

Поголем број на хоспитализации во текот на вчерашниот ден

Коледарската песна одекна гласно и во Општина Василево

Ѓ. K.