Спорт

Академија Пандев ги претстави првите зимски засилувања

Македонскиот прволигаш Академија Пандев направи доста промени во играчкиот кадар, си заминаа неколку играчи, па сега клубот се активираше на пазарот каде успеа да ангажира две имиња.

Нови членови на составот од Струмица се Агрон Руфати и Марио Врдољак. Двајцата доаѓаат во таборот на „пандевци“ како слободни играчи, двајцата имаат големо интернационационално искуство и треба да донесат квалитет во тимот кој е предводен од Александар Васоски.

Руфати е поранешен младински репрезентативец на Македонија, има настапувано во Хрватска, Украина и Романија.

Кога е во прашање Врдољак, тој има искуство со играње за клубови во БиХ, Хрватска, Италија и Романија каде заедно со Руфати беше дел од Академија Клинчени.

Ова воедно се први потези на новиот спортски директор на Академија Пандев, Аце Стојков.

Препорачуваме:

Одбојкарскиот клуб Наковски волеј го победи Вардар

Сузана Мицева

Видео – Дориев и Илиев за нова победа на Академија Пандев со која стана лидер во шампионатот по пет кола

МВП Струмица домаќин на завршниот турнир за титула во М-14