Македонија

Полицискиот час може да се укине по 15 јуни

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека полицискиот час ќе се укине ако до 15 јуни продолжи да опаѓа бројот на заболени.

На следниот состанок Комисијата за заразни болести е можно да го укине полицискиот час кој е на сила и движењето е забрането од полноќ до четири часот наутро. Министерот за здравство вели дека следниот состанок на Комисијата ќе биде пред 15 јуни, а ново олабавување на мерките веќе се подготвува посебно откако во изминатите 24 часа во скопските клиники не бил примен ниту еден нов заболен од Ковид-19 .

Препорачуваме:

ДЕНЕСКА Е СВ. ПРВОМАЧЕНИК СТЕФАН: Прв од седумте ѓакони кои светите апостоли ги ракоположија да се грижат за сиромасите

Ѓ. K.

Чудото од дете Македон,ги доби златните медали за освоените први места по математика на светско ниво

Ivana Vangelova

Две третини од младите во Македонија би се отселиле веднаш

Сузана Мицева