Забава

Почна судењето помеѓу Џони Деп и Амбер Херд

Aдвокатите на Амбер Херд го обвинија нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп за сексуален напад додека актерот се обидува да ја докаже тужбата за клевета против неа.

Адвокатскиот тим на Џони Деп ја нарече Амбер Херд „лажгa опседната со својот имиџ“ во воведните аргументи на судењето за клевета меѓу поранешните сопружници.

Деп ја тужи Херд поради статија што таа ја напиша за „Вашингтон пост“ во 2018 година, за преживеано семејно насилство, иако таа не го спомнува Деп по име во написот.

58-годишниот Деп негира каква било злоупотреба и ја тужи својата поранешна сопруга, барајќи оштета од 50 милиони долари.

Херд (35), пак, поднесе противтужба од 100 милиони долари.

Препорачуваме:

Струмичката естрада на „Убави сме, свои сме“

Сузана Мицева

Холандски уметници нацртале гигантска библиотека на станбена зграда со омилените книги на станарите

Сузана Мицева

Киро Донев напиша романизирана биографија за Видое Подгорец

Сузана Мицева