Македонија Свет

Пендаровски во посета на Украина по повод 30-годишнината од независноста

Претседателот Стево Пендаровски од денеска до среда ќе престојува во работна посета на Украина, во чии рамки ќе учествува на одбележувањето на 30-годишнината од независноста на земјата.

Утре Пендаровски ќе присуствува на централниот настан по повод 30-годишнината од независноста на Украина кој ќе се одржи на плоштадот на независноста во Киев и на кој ќе се обрати претседателот Володимир Зеленски, по што ќе следи и празнична парада на вооружените сили на Украина.

Во рамки на работната посета, претседателот Стево Пендаровски ќе оствари билатерална средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, а на маргините на посетата, предвидена е и средба и со Шарл Мишел, претседател на Европскиот совет.

На прославата на 30-годишнината од независноста на Украина, којашто се одржува под слоганот „Ти си моја единствена“, е предвидено присуство на повеќе од четириесетина делегации од земји и меѓународни организации.

Препорачуваме:

Формирана комисија што ќе ја истражува смртта на гевгеличанката Динева

Најопасната птица на светот усмрти маж на Флорида

Сузана Мицева

Струмичката компанија „Мултихем“ донираше дезинфекциски средства за Медицинскиот центар, Здравен дом и СВР Струмица

Сузана Мицева